Скарлет Викерс (14) во петокот на 5 јули е пронајдена мртва на имотот на нејзиното семејство во Дарлингтон, Велика Британија, а за смртта на девојчето се осомничени нејзината мајка и татко.
Девојчето било убиено со една убодна рана во градниот кош, а нејзините родители Сајмон Викерс (48) и Сара Хол (44) не се огласуваат во врска со оптужбата.
Инаку, девојката била исклучително сакана во околината, а тоа го покажуваат и коментарите на луѓето кои за неа имаат само пофални зборови. Тие ја опишаа како „популарна и дружељубива“ и рекоа дека има „многу добра смисла за хумор“.
„Скарлет беше прекрасна девојка со одлична смисла за хумор. Таа секогаш беше беспрекорна, почитувана и љубезна. Многу дружељубива девојка, таа беше популарна меѓу нејзините пријатели и многу ќе и недостига на училишната заедница. Вработените и учениците се крајно тажни поради веста, „Би сакале да кажеме дека нашите мисли се со сите погодени од оваа трагедија. Фондацијата напорно работи за да ги поддржи учениците и вработените во овој многу тежок момент“, рече Сју Гил, раководител на академијата Хутон, на која учеше Скарлет.
Џорџија Сноудон, која ја застапува мајката Сара Хол, рече дека нема да има изјави на сослушувањето, но рече дека нејзиниот клиент е „апсолутно вознемирен“.
Трагичниот настан се случил доцна вечерта на 5 јули, а кога на местото на настанот пристигнала Итната помош нешто по 23 часот, било предоцна да ја спасат.
– Овој инцидент се случи на крајот на минатата недела, а двајцата обвинети се пред вас. На нивната домашна адреса се случи инцидент што резултираше со смртоносно избодување на Скарлет, 14-годишната ќерка на двајцата обвинети – изјави Сара Кемп од обвинителството.
Родителите во понеделникот накратко се појавиле во Судот, а во меѓувреме и на двајцата ќе им биде одреден притвор.