🎥 Маж украл полициски автомобил, внатре имало полицајка

од Milan1
349 прегледи

Маж во САД вчераутро украл полициско патролно возило во Лос Анџелес додека полицајката била внатре, а потоа удрил во неколку автомобили на раскрсница во центарот на градот, пишува Ен-би-си Њуз.

Околу 3 часот и 30 минути, напаѓачот влегол во патролен теренец и почнал да вози. Полицајката во одреден момент била исфрлена од возилото, информираат од полицијата. Мажот потоа при кратка бркотница удрил во неколку автомобили и скутери, а потоа го оставил возилото и побегнал. Набргу потоа бил уапсен.

За време на инцидентот повредени се најмалку три лица, меѓу кои и една полицајка, но никој од нив не е во животна опасност.

Слични содржини