🎥 Наскоро обновена Škoda Octavia

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Во ноември 2019 година во Прага се одржа промоцијата на четвртата генерација на Škoda Octavia (кога се славеше и 60-годишнината од појавувањето на првата Octavia), а следниот месец ќе помине низ фејслифтинг што ќе и помогне да ја задржи својата позиција до појавата на сосема нова генерација.

Засега како најава служи само една затемнета слика од предниот дел.

Сепак, претходните шпионски фотографии откриваат дека Octavia ќе добие дотерани предни и задни светла, ревидирани браници и модернизирана предна табла. Сето ова со нов дизајн на тркала, поширока палета на бои и подобрен ентериер со дигитална табла со инструменти и поголем инфозабавен екран.

Во моментов нема информации за промени во опсегот на погонот. Бидејќи ова е сепак освежување, а не нова генерација, не се очекуваат значителни промени во понудата.

Овде потсетуваме дека лифтбекот на Octavia е долг 4689 mm и широк 1829 mm, додека меѓуоскиното растојание е 2686 mm. Волуменот на багажникот во стандардната конфигурација е 600 литри (640 литри за караван).