Канцеларијата на шерифот на округот Мартин, Вилијам Снајдер објави снимка од камерите на телото од апсењето на Рајан Весли Рут, кој се обиде да го убие Доналд Трамп, во неделата додека играше голф во Палм Бич, Флорида. На прес-конференција, шерифот Вилијам Снајдер рече дека Рут е уапсен на автопатот 95 и дека тоа е „најприоритетно“апсење извршено во областа, објави порталот „wptv“.
„Во потерата беа вклучени сите расположливи единици. Веројатно околу 30 од нив беа таму. Тие го опколија возилото на осомничениот и вешто го избркаа од патот“, рече Снајдер.
Шерифот рече дека осомничениот не возел опасно и дека информациите се добиени од канцеларијата на шерифот на округот Палм Бич. Еден од сведоците на престрелката го фотографирал возилото за бегство на осомничениот, што ѝ помогнало на полицијата да го лоцира, а подоцна и да го уапси.