🎥 Поранешна американска амбасадорка во ОН на израелска ракета напиша: „Докрајчете ги“

од Milan1
532 прегледи

Поранешната кандидатка за републиканска претседателска номинација и поранешна американска амбасадорка во ОН, а сегашна гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли, при посетата на северната граница на Израел потпиша артилериска ракета наменета за Газа и напиша „Докрајчете ги! Америка го сака Израел“.

Придружувана од поранешниот израелски амбасадор во ОН и член на Кнесетот, Дени Данон, Хејли изрази силна поддршка за Израел, велејќи дека САД е со Тел Авив и ѝ кажале на израелската војска дека не смее да запре додека не победи.

„Америка е со Израел. Денес Израел се бори против непријателот на САД. Не застанувајте додека не победите“, нагласи таа.

Слични содржини