🎥 Пожари го зафатија Израел: Прогласена вонредна состојба, уапсени тројца осомничени за тероризам

од Љубиша Владимиров
24 прегледи

Израелските власти прогласија вонредна состојба откако серија пожари избувнаа во повеќе региони низ државата, вклучувајќи ја и областа околу Ерусалим. Полицијата приведе тројца осомничени во врска со пожарот што се прошири во близина на главниот град. Осомничените засега не се идентификувани, ниту се дадени дополнителни информации за нив во медиумите.

Како резултат на пожарите, беа наредени евакуации, затворени повеќе патишта и откажани свечености, вклучувајќи ја и официјалната церемонија по повод Денот на независноста на Израел. Истрагата ја презеде и израелската безбедносна агенција Шин Бет, што укажува на сомнеж дека пожарите можеби се подметнати во рамки на терористички напад. Според израелските медиуми, во некои области се пријавени десетици одделни пожари, меѓу кои и во близина на градот Хадера.

Меѓународната заедница испрати помош. Романија најави дека утре ќе испрати два авиона, еден за гаснење и друг за логистичка поддршка. Поддршка ќе обезбедат и Шпанија, Франција, Украина и Еквадор.

 

Слични содржини