🎥 Пожарникари спасуваат куче од запален стан

од Milan1
737 прегледи

На интернет се шири видео на кое може да се види како сплитските пожарникари спасуваат куче од стан во кој избувнал пожар. Како што пренесува „Слободна Далмација“, еден од пожарникарите се огласил и еве што имал да каже.

„Бевме повикани од соседите кои забележаа големо количество чад, пожарот беше мал, мал дел од кујната гореше, а настана од тенџере кое останало на шпоретот и се запалило. Дојдоа колеги, гаснеа огнот буквално со неколку литри вода, немаше многу оган, но имаше многу чад. Дури тогаш го забележале кучето, кое било само во куќата, како лежи патетично мирно и исплашено. Го изнесоа кучето надвор и ги отворија сите прозорци за што побрзо да се отстрани чадот“, вели пожарникар Зоран.

Тие стапиле во контакт со сопственикот, кој пристигнал во рекордно време.

„Штом го виде, го прегрна и пукна во солзи. На сите ни се заблагодари, дури и ме најде на социјалните мрежи и ми напиша убава порака“, раскажува тој.

Се надеваме дека ова семејство што поскоро ќе ја санира материјалната штета, а најважно е што тие и нивниот прекрасен миленик се живи и здрави. Секоја чест на пожарникарите за нивната храброст!

@zoranborovac113

Splitski vatrogasci spasili psa iz gorućeg stana. ❤️🙏💪 #foryoupage #fyp #balkan #firefighter #split #goviral #tiktok #croatia

♬ original sound – Zoran Borovac

Слични содржини