Додека светот зуи за нивниот развод, неодамна на социјалните мрежи се појави видео од романтично расположената двојка Ивановиќ-Швајнштајгер. Иако ниту поранешната српска тенисерка, ниту поранешниот германски фудбалер официјално не ја објавија судбината на нивната врска. Последните заеднички фотографии Ана ги објави кон крајот на минатата година, но на профилот на модниот бренд кој го рекламираат, неодамна беше објавено видео полно со нежност меѓу нив.
View this post on Instagram
Приказните за распадот на љубовта меѓу Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер траат со денови, а германските медиуми истакнуваат дека за сè е виновна колешката на Швајнштајгер, Естер Седлачек, која наводно е и бремена. Самите Естер и Швајни предизвикаа различни коментари поради неколку контроверзни изјави во програма во живо. На сите им е добро позната поканата на Бастијан до атрактивната водителка да го поминат викендот заедно.
View this post on Instagram
Приватниот живот на Естер Седлачек е вистинска мистерија. Се знае дека е мажена, но не и со кого. Во мај 2019 година доби ќерка, а две години подоцна и син. Сега, по трет пат, е во блажена состојба. Ова е особено интересно бидејќи Естер некогаш била во врска со Кевин Трап, познатиот германски голман. Тогаш немаше толку многу криење. Дополнително, сомнежите за развод и крај на љубовта ги подгреа и однесувањето на Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ, кои решија да ги симнат бурмите и да се појават во јавноста без нив.