🎥 Снежни врнежи ги блокираа патиштата во Јужна Африка, патниците заглавени со часови

од Илинка Илиоска
41 прегледи

Обилните снежни врнежи предизвикаа хаос во Јужна Африка, каде што голем број патишта беа затворени, а патниците останаа заглавени во своите возила. Во некои делови на континентот снежната покривка достигна висина и до два метра. Најмногу е погоден автопатот N3, кој ги поврзува Јоханесбург и Дурбан, каде службите за итни случаи се обидуваат да ги евакуираат луѓето кои ја поминаа ноќта во своите автомобили. Некои делници од патот се непроодни, а алтернативните патишта исто така се затворени.

Според изјавата на претставничката на Управата за наплата, Тања Дугра, сè уште нема прецизни информации за состојбата на дел од заглавените патници. Службите за итни случаи непрекинато работеле цела ноќ, обидувајќи се да им помогнат на загрозените. Властите доставиле ќебиња и храна до некои од патниците кои останале блокирани.

Камиони и автобуси се заглавени на бензинските станици и покрај патиштата, а во некои области, жителите немаат пристап до храна и лекови повеќе од 12 часа. Ниските температури и неповолните временски услови, вклучувајќи снег, магла и дожд, ги спречуваат хеликоптерите да полетаат и да ја обезбедат потребната помош.

Јужноафриканската метеоролошка служба предупреди на дополнителни снежни врнежи, силни дождови и ветрови во неколку провинции, наведувајќи дека ситуацијата е екстремна.

Слични содржини