🎥 Спречен е терористички акт во Австрија, уапсен 20-годишник од Македонија

од Milan1
181 прегледи

Десетици специјалци, членови на тимот Кобра и деактиватори на експлозив бараа експлозивна направа во Терница во Долна Австрија поради сомневање за можен терористички напад. Голема полициска акција траеше со часови. Eвакуирани се повеќе од 50 куќи, а делумно е евакуиран и дом за стари лица на тоа место. Околината беше затворена со полициски кордон на голема површина, а затворени беа и патиштата за време на операцијата.

Станува збор за тајна акција во која е уапсен млад човек (20) наводно од Северна Македонија, додека полицијата во Виена се уште трага по двајца Чеченци. Во потрага по експлозив, прво била претресена куќата на уапсениот, а потоа продолжила на други локации.

Изворот на „Хојте“ рекол дека се претпоставува дека се работи за исламист кој наводно е поддржувач на ИД.

Поради тајноста на акцијата, по апсењето на младиот човек, граѓаните мислеле дека се работи за убиство, заложничка криза, закана од експлозија на гас или терористичка акција. Сепак, случајот е многу посериозен отколку што се мислеше, шефот на обезбедувањето во австриското МВР Франц Руф и шефот на виенската полиција Герхард Пирстл најавија дека ќе ги објават сите детали од истрагата. и последните сознанија од тековната полициска истрага.

Граѓаните, гледајќи толку многу полицајци и евакуирани соседи од нивните куќи, претпоставуваа дека има „гасен аларм“. На помош бил повикан австрискиот енергетски снабдувач ЕВН, а куќата на осомничениот била исклучена од струја и гас.

Поради гасот што наводно истекувал, луѓето биле повикани без паника да ги напуштат своите куќи и да се упатат кон зградата на општината. И покрај ова, гласините се проширија од пладне. Некои рекоа дека младиот човек се забарикадирал во куќата каде се заканил дека ќе ја разнесе. Други го поврзаа ова со ноќната експлозија во Виена-Отакринг.

Слични содржини