🎥 Украинска докторка тврди: Се вратив во живот три дена по смртта – прошетав низ рајот и пеколот!

од Љубиша Владимиров
230 прегледи

Украинската докторка Татјана Анисимова Бјелоус го потресе регионот со своето неверојатно сведоштво – таа тврди дека се вратила во живот три дена по клиничка смрт и притоа прошетала низ рајот, чистилиштето и пеколот. Според нејзината исповед, сè започнало во 1991 година, кога била подложена на операција заради тумор на мозокот во болница во Одеса. По компликации на оперативната маса, таа починала. Телото било преместено во мртовечница, каде што останало 72 часа, сè додека нејзиното семејство дошло да го преземе. Но, таму ги дочекало шокантно известување: „Телото не е тука. Татјана се врати во живот.“

Непоимливото за сите, освен за нејзиниот сопруг Вечеслав, кој тврди дека му било откриено од Бог дека неговата сопруга ќе се врати од мртвите. Воскреснувањето, според Татјана, не било само физичко – туку и духовно патување низ другата страна на животот. „Се разбудив во мртовечница, гола, во болка и студ. Кога се исправив, жената што работеше таму испаничи и избега“, раскажува Татјана.

Во своето сведоштво, таа опишува како нејзината душа го напуштила телото и ги набљудувала обидите на медицинскиот тим да ја врати во живот. Потоа, се нашла во темен и влажен тунел, каде што, по мачен пат, стигнала до светлина што ја водела до присуство на ангел кој ѝ рекол: „Јас не сум Христос. Јас сум ангел, пратен од Бог.“

Судење пред Божјиот престол

Татјана раскажува како застанала пред Божјиот престол, каде што ѝ бил покажан свиток со нејзиниот живот – сè што направила, кажала и помислила. Бог ѝ поставил едно прашање: „Што направи за мене?“ Таа признала дека често се молела, но ретко била благодарна.

„Го видов распнувањето на Христос. Сфатив дека моите гревови се таму, заедно со вресоците на толпата која бараше смрт“, додава таа, видно вознемирена.

Потоа ангелот ја однел на прошетка низ рајот. Опишува преубав пејзаж со мека трева, овошни дрвја, мириси и чиста вода што течела од Божјиот престол. Таму се сретнала со својот син, кој починал на 10-месечна возраст, и со својот татко, кој, како што вели, се покајал пред смртта и бил примeн во рајот.

„Мојот син ми рече дека немаше да биде тука ако не заминел тогаш – и му се заблагодарив на Бога“, раскажува Татјана низ солзи.

Спуштање во пеколот

По патувањето низ рајот, ангелот ја однел во чистилиштето и пеколот. Таму, вели Татјана, владеела неподнослива топлина, смрдеа на изгорено месо и вресоци на осудени души. Чистилиштето било место каде душите го гледале рајот, но не можеле да влезат, додека демоните ги принудувале на постојано движење и страдање.

Особено ја погодиле душите на абортираните деца кои врескале: „Не ме убивај, мајко, ќе те сакам“. Тие, според Татјана, оделе во рајот само ако родителите се покаеле. Во подлабоките кругови на пеколот видела демони што ги сечеле душите на парчиња, а секое парче врескало. Таму, за нејзин шок, ја видела и својата баба – редовна посетителка на црквата, но, како што вели, склонa кон озборување и клетви. Најмногу ја погодиле луѓето кои не направиле ниту зло, ниту добро – рамнодушните.

За нив, вели, не очекувала дека ќе бидат осудени. „Видов политичар од нашата земја, жив човек, како седи покрај демон. Ангелот ми рече дека тој склучил пакт со Сатаната и дека демон живее преку него.“

Порака до човештвото

Пред да се врати во телото, Бог ѝ кажал: „Кажи им дека крајот е близу. Стојам на вратата и чекам да се покаат. Ти покажав што другите не го виделе.“ Татјана верува дека била вратена на Земјата со мисија – да сведочи за постоењето на духовниот свет и Божјата милост. „Ова не е приказна за страв, туку повик за љубов и покајание“, заклучува таа.

Слични содржини