🎥 Уништен најстариот брод на Путин

од Симе Стоиков
559 прегледи

Украински проектил го погоди најстариот воен брод на Путин, нанесувајќи им голем удар на руските сили на Крим.

На снимката се гледа како пламен и чад се издигнува од 112-годишниот воен брод во окупираното пристаниште Севастопол, по нападот утринава.

Експлозии ја погодија областа додека Русите беа принудени да издадат ракетна тревога и да го затворат Кримскиот мост.

Наводно, противпожарните возила се упатиле кон пристаништето за да го изгаснат пожарот на бродот долг околу 100 метри.

„Проектил го погоди бродот. Видете, гори“, гласи на една објава со драматичната снимка.

Бродот погоден од Украина е Комуна, за кој се вели дека е најстариот воен брод кој се уште се користи.

Првпат запловил во 1913 година, а тој е импресивна цел за украинските сили со оглед дека можеше да се пофали со преживеани две светски војни.

Рускиот гувернер на окупираниот регион, Михаил Развозаев, беше принуден да признае дека е лансирана противбродска ракета – предизвикувајќи пожар.

Тој тврдеше дека бил „брзо изгаснат“, но украинските напади врз руските бродови на Црното Море се многу успешни во последните месеци.

Толку многу што Русија дури ги повлече речиси сите свои главни бродови од пристаништата на окупираниот Крим.

Украинската морнарица денеска го потврди ударот, благодарение на „успешната работа на морнарицата“ и изјави дека „бродот дефинитивно повеќе не е способен да ги извршува своите задачи“.

Еден извор рече дека украинскиот противбродски напад со ракета Нептун го оштетил бродот – што ги негира руските тврдења дека проектилот бил соборен и дека остатоците предизвикале мал пожар.

Слични содржини