🎥 Утрово нов напад во Русија: Најмалку две лица ранети

од Симе Стоиков
282 прегледи

Во Татарстан е извршен напад со дрон врз фабрики во Елабуг и Нижнекамск, соопштија властите на овој руски регион.

Технолошкиот процес не е нарушен како што наведуваат од компаниите. Од друга страна украинските медиуми шпекулираат дека во тие компании се склопуваат руските дронови камикази „Геран“.

Што се однесува до нападот, според информациите, две лица се ранети во нападот на работничкиот хотел во специјалната економска зона „Алабуга“.

– Сега е исклучително важно да останеме смирени и да не се препуштиме на паниката што намерно се обидуваат да ја посеат оние што го извршија ова злосторство – рече шефот на Татарстан, Рустам Миниханов.

Слични содржини