🎥 Зак Ефрон за екстремната трансформација за новиот филм: „Болката беше секојдневие“

од Radmila Tasevska
294 прегледи

Го запознавме како тинејџер во романтични комедии, а сега во The Iron Claw го толкува мускулестиот борач Кевин фон Ерих. Екстремната физичка трансформација на актерот Зак Ефрон никого не изненади, пренесе Стандард лајф.

Зборувајќи за „Variety“, Ефрон ги откри деталите за неговата неверојатна трансформација: „Тоа беше единствен фокус во тие месеци. Мојот живот беше на пауза“.

„The Iron Claw“ е спортска биографска драма во режија на Шон Дуркин. Заплетот го следи семејството Фон Ерих и шесте сина обучени од нивниот татко Фриц фон Ерих. Во позадината на неверојатно успешната боречка кариера, всушност постои трагична семејна приказна. Дури пет од шесте сина во семејството починале многу млади, а единствениот кој го надживеал својот татко бил Кевин, кој го игра Ефрон.

„Успеав да ги комбинирам бодибилдингот од старата школа и олимпиското кревање тегови и навистина да го постигнам тој специфичен изглед на професионалните борачи“, се пофали Ефрон.

Тој додаде дека не е лесно да се носи целата таа тежина и дека „болките во мускулите му станале секојдневие“.

Слични содржини