🎥Cybertruck или Cyberstuck: Малку снег е фатален за електричниот пик-ап на Tesla!

од Vladimir Zorba
52 прегледи

Во насловот има игра со зборови – Cybertruck на Tesla во овој случај се вика Cyberstuck (заглавен – заглавен во снегот, на пример). Би очекувале голем пик-ап со погон на четири тркала лесно да се справи со малку снег. Буквално, малку снег!

Видеото е снимено во Квебек, Канада. И покрај неколкуте обиди на возачот на Tesla, Cybertruck не можеше да излезе од снегот, ако снегот може да се дефинира како сантиметар или два на паркингот. Се разбира, тоа не е до можностите на Cybertruck. Прашањето е во каква состојба се гумите. Електричниот пик-ап се испорачува со гуми за сите сезони, а поради големата тежина на возилото се вели дека овие гуми брзо се трошат. Ако навистина е така, тогаш возењето 4×4 нема да ви помогне многу на снегот.

Некои сопственици пријавиле дека морале да менуваат гуми по само три месеци.

Слични содржини