Американскиот пејач Џон Бон Џови (62) призна дека ја изневерил сопругата Доротеа Харли, со која е во брак 35 години. Во интервју со Мајкл Страхан на ABC News, пејачот откри дека „се извлекол со убиство“.
„Се извлеков со убиство. Ќе кажам пак пред камера. Јас сум рокенрол ѕвезда. Не сум светец. Не велам дека немало 100 девојки во мојот живот. Јас сум Џон Бон Џови, тоа беше добро. Но, ако мислите дека некогаш ќе загрозам нешто затоа што верував дека нарцисот во мене е реален? Какви глупости. Какви ексцеси му се потребни на човекот за да го разгори тој оган? Едноставно не вреди“, рече тој.
Ја пофали сопругата за која тврди дека е секогаш тука за него.
„Нема сомнеж дека овој свет се врти поради неа. Таа не се плаши да ме повика на нешто, но исто така е тука кога ми треба и јас сум тука за неа кога е „падната“. Без разлика каде сум бил во мојата кариера, подеми или падови, таму одевме заедно“, тврди тој.
За потсетување, рок легендата и Доротеа се познаваат уште од средно училиште. Тие почнаа да се забавуваат во 1980 година, а во брак се од 1989 година. Заедно имаат четири деца – Стефани (30), Џеси (29), Џејк (21) и Ромео (20).