🎥Фатална заседа: Руски војници со „срп и чекан“ влетале во минско поле

од Nikola Popovski
460 прегледи

Светската јавност сведочи на брутални снимки на кои се гледа моментот како украински дронови уништуваат членови на руската војска во Курск, пренесува британски „Сан“.

Војниците на рускиот претседател Владимир Путин биле транспортирани во десетици оклопни возила веејќи го црвеното советско знаме со срп и чекан. Тие несвесно влегле на минско поле и паднале во замка поставена од украинската 47 механизирана бригада.

На вознемирувачкото видео се гледа и како руски војник се обидува да побегне од еден од тенковите. Успеал да направи неколку чекори во снегот, но паднал на грб. Само неколку секунди подоцна, тој бил усмртен од дрон.

Официјален Киев тврди дека руската 155-та поморска пешадиска бригада испратила повеќе од 10 тенкови и 100 луѓе во контраофанзива. Според пишувањата, Русите прво биле спречени од украински мини, а подоцна загинале од дроновите.

-Беше само прашање на време кога преживеаните Руси ќе побегнат, пишува „The Week“.