🎥Има 66 години и се соблече гола: Шерон Стоун откри што прави во животот

од Nikola Popovski
292 прегледи

Холивудската ѕвезда Шерон Стоун предизвика големо внимание откако на Инстаграм сподели провокативна фотографија на која се облече само во долниот дел од бикини додека работи на своите уметнички дела. Имено, во својата најнова објава, Стоун која има 66 години, покажа недовршено апстрактно дело додека стои гола свртена со грбот кон камерата.

Во описот на фотографијата на Инстаграм, Стоун напиша: „Понекогаш само треба да се префрлам од базен на сликање“. Ваквата објава предизвика бројни реакции кај нејзините следбеници и обожаватели.

Сепак, тоа не е се што Стоун неодамна откри. Во интервју за „Холивуд репортер“, актерката проговори за тешките последици од мозочниот удар и за финансиските проблеми кои ги претрпела за време на закрепнувањето. Стоун изјави дека изгубила 18 милиони долари во периодот кога не била во состојба да глуми, тврдејќи дека луѓето околу неа лошо управувале со нејзините пари додека таа се борела да ги врати основните функции.

– Луѓето ме искористија во тој период на опоравување. Заштедив 18 милиони долари поради мојот успех, но кога се вратив, на мојата банкарска сметка, сето тоа го немаше, открила актерката.

Покрај финансиските проблеми, Стоун ги открила и драматичните физички промени кои ги доживеала.

– Девет дена имав крварење од мозокот, поради што мозокот ми беше поместен кон предниот дел на лицето. Моето сетило за мирис, вид, допир…сè се смени, објаснила таа.

Слични содржини