🎥Мукаетов: Во кризни услови и во 2023 година продолживме со нашите инвестициски активности

од Vladimir Zorba
366 прегледи

Две илјади дваесет и трета година на глобално ниво беше исполнета со многу предизвици: нестабилни цени на суровини, пад на индустриско производство во регионот, раст на инфлацијата, покачување на каматните стапки… Се соочивме со големи пореметувања во синџирот за набавки, флуктуации на цените и недостаток на некои суровини и материјали, но особено ми е драго што и покрај ваквите специфични услови на функционирање, ние успеавме да ги осигураме пласманите на сите педесет пазари каде сме присутни и да го задржиме континуитетот на раст на продажбите и надминување на зацртаните планови, вели во своето обраќање генералниот директор на Алкалоид, Живко Мукаетов.

„Повторно, во кризни услови, и оваа година продолживме со нашите инвестициски активности. За инвестициските потфати во изминативе пет години, чиј износ достигна сума од сто и четири запирка еден милиони евра, „Алкалоид“ го доби признанието за „Најголем инвеститор во регионот на Западен Балкан“ од страна на Регионалниот коморски форум Western Balkan Six. Во Две илјади дваесет и трета година ја привршуваме изградбата на мега инвестицискиот проект „Таблетно одделение 2“ кој очекуваме да овозможи диверсификација и значително зголемување на нашите производствени капацитети за цврсти форми“, порача тој.

„Во динамична индустрија каква што е фармацевтската, пласманите обично кореспондираат со инвестициите, вештините и знаењето, кои изминативе две децении ги насочивме кон глобално позиционирање на брендот „Алкалоид“. Планираме да алоцираме повеќе ресурси во истражување и развој, со цел понатамошна модернизација на генеричкото портфолио, дополнето со патентирани производи со додадена вредност. Во моментов, „Алкалоид“ е компанија на преку две илјади и осумстотини семејства, а секој еден член на големото семејство алкалоидовци придонесува нашата успешна приказна да продолжи да расте и да се развива“, истакнува Мукаетов.

 

Слични содржини