🎥Наскоро сериски Citroen Basalt

од Vladimir Zorba
49 прегледи

На крајот на март Citroen објави слики од концептот Basalt Vision, како најава за нов модел кој меѓу другото ќе се продава во Јужна Америка и Индија, додека сега ги објави и првите снимки од серискиот модел (за индискиот пазар).

Моќен и елегантен, овој нов модел комбинира различни концепти за да им го понуди на клиентите најдоброто. Ги комбинира флуидноста и динамиката на купето, предностите и робусноста на подигнатиот теренец и рамнотежата и просторот на семеен модел.

Развиен во Јужна Америка со силна локална интеграција, Basalt ќе го поддржи меѓународниот раст на Citroen заедно со C3 и Aircross на основните пазари на марката.

Сите три модели се дел од истата програма C-Cubed со цел да се претстават на пазарот модели со силен карактер и уникатно искуство на удобност во возилото.

„Среќни сме што го воведуваме третиот модел во програмата дизајнирана да го поттикне меѓународниот раст на Citroen. Нашите тимови се силно посветени на испорачување на оваа иновативна визија за SUV купе што зрачи со храбар дизајн, внатрешен простор и единствена удобност. Убедени сме дека Basalt ќе привлече голем број клиенти и ќе ја зајакне нашата позиција на клучните пазари. Со нетрпение очекуваме наскоро да ви кажеме повеќе за ова“, вели Тиџери Коскас, глобален извршен директор на Citroen.