🎥Никол Кидман снимала „жешки“ сцени со помлад колега: „Малку се плашев, но беше супер“

од Vladimir Zorba
30,1K прегледи

Никол Кидман (56) и Зак Ефрон (36) добија шанса повторно да соработуваат по 12 години кога глумеа во „The Paperboy“. Овој пат тие ќе глумат љубовници во романтичната комедија на Netflix – „A Family Affair“, а објавен е и трејлерот на филмот.

Судејќи по него, актерите се „испробале“ во секс сцени.

Во филмот Кидман ќе има афера со шефот на нејзината ќерка, кој го игра Зак Ефрон. На една сцена се гледа како австралиската актерка го турка Ефрон на креветот, а тој и ја кине кошулата.

– Те чекав вечно – се слуша додека се соблекуваат и страсно се бакнуваат.

-Малку се плашев, но повторното запознавање со Никол е секогаш одлично. Талентирана е како актерка, љубезна е, грижлива и прекрасно е да се поминува време со неа – коментираше Ефрон пред People за улогата во новиот филм.

„A Family Affair“ пристигнува на Netflix на 28 јуни.

Слични содржини