🎥Полицијата го уапси атентаторот на словачкиот премиер

од Milan1
214 прегледи

Неколку минути по пукањето, на интернет се појави видео на кое се гледа како полицијата го апси атентаторот.

Премиерот на Словачка Роберт Фицо, денеска бил застрелан во Хандлова каде се одржувала седницата на владата. Според првичните информации, Фицо по седницата излегол пред Домот на културата каде ги поздравувал луѓето и во тој момент се слушнале истрели, јавува Гардијан. Тој бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како обезбедувањето го внесува ранетиот Фицо во автомобил.

Неколку минути по пукањето, на интернет се појави видео на кое се гледа како полицијата го апси атентаторот.

На видеото се гледа како петмина полицајци во општиот метеж и паника го апсат напаѓачот.

Слични содржини