🎥Се шири видео – Зеленски и Венс очи во очи

од Nikola Popovski
201 прегледи

Лидери од целиот свет се собраа во неделата во Рим, по втор пат за помалку од еден месец, за да бидат сведоци на востоличувањето на папата Лав XIV за нов поглавар на Католичката црква. Притоа, Џеј Ди Венс и Володимир Зеленски се ракуваа, а украинскиот претседател имаше и приватна аудиенција со папата.

Папата минатата недела го понуди Ватикан како потенцијално место за мировни разговори за војната во Украина, поканувајќи ги двете страни: „Ајде да се сретнеме, да разговараме, да преговараме“, порача тој.

Дури и пред официјално да ја преземе папската функција, Рим веќе станал сцена за неофицијални билатерални средби. Церемонијата на плоштадот „Свети Петар“ овозможи бројни можности за средби и ракувања меѓу светските лидери.

Потпретседателот на САД и украинскиот претседател се ракуваа за време на церемонијата, што е сосема спротивно на нивната јавна расправија во Белата куќа во февруари, во присуство на американскиот претседател, Доналд Трамп.

Утрово Зеленски имаше и аудиенција кај новиот папа во Ватикан, соопшти Светата столица. Така тој стана првиот светски лидер кој се сретна со папата Лав XIV по неговиот избор. Двајцата веќе разговараа по телефон претходно, при што папата ја изрази својата поддршка за Украина.

Слични содржини