🎥Совршена домашна „Нутела“

од Radmila Tasevska
651 прегледи

Домашната „Нутела“, фантастичен намаз од лешник и чоколадо, ќе ги освои и најпребирливите непца, пишува Стандард лајф.

Користете го за да намачкате палачинки, леб, да го додадете во колачи или едноставно да уживате во него со лажица.

Состојки:

* 250 гр препечени лешници
* 40 гр какао
* 100 гр шеќер во прав
* 1 лажица екстракт од ванила
* 1 лажица сол
* 2 лажици кокосово масло
* 50 гр сечкана чоколада (50% какао)

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 степени. Обложете ја тавата за печење со мрсна хартија. На листот ставете ги лешниците. Печете ги 12 до 15 минути.

Проверете ја состојбата по 10 минути. Извадете ги од рерна и префрлете ги на чиста кујнска крпа. Оставете ги да се изладат. Кога ќе се оладат, нежно тријте ги со крпа за да се отстрани „кожата“. Ставете ги во процесор за храна или блендер и вклучете го и измешајте ги лешниците додека не добиете фина смеса која изгледа како намаз, ова може да потрае 5 минути или повеќе, во зависност од јачината на блендерот.

Во добиената смеса додадете шеќер во прав и какао. Повторно измешајте за да се соединат сите состојки. Додадете масло и екстракт од ванила и повторно мешајте додека не се соединат сите состојки и смесата не стане еднолична. Посолете и повторно вклучете го блендерот 5-10 секунди.

Додадете ги парчињата чоколада и вклучете го блендерот или процесорот додека не добиете компактна и мазна смеса. Ако не ви се допаѓа конзистентноста на смесата или ако формира грутки, додадете уште малку масло по ваш вкус. Не претерувајте бидејќи во овој случај смесата ќе биде премногу ретка. Добиениот намаз префрлете го во чиста тегла и чувајте го во фрижидер до еден месец.

На здравје!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Syntha 🌾 (@slight_pearl)

Слични содржини