Пилешки бургер од тофу сирење со домашна земичка

од Radmila Tasevska

Ова е поздрава верзија на бургер, без експлоатација на животни. Брзо и лесно се подготвува, пренесе Стандард лајф.

За овој рецепт ќе ви требаат:

* Едно пакување обично тофу сирење
* Брашно од наут
* Растително млеко по ваш избор без шеќер
* Лажица пченкарно брашно
* Маслиново масло
* Кари
* Пушена црвена пиперка
* Лук во прав
* Сушен магдонос
* Лажица соја сос
* Босилек
* Сенф

Прелив за бургерот:

* Сенф
* Вегански мајонез
* Кечап
* Малку сок од лимон

Домашна земичка:

* Квасец
* 50гр брашно од наут
* 100гр брашно без глутен
* чаша растително млеко
* Маслиново масло.
* Хималајска сол
* Црн сусам
* Сируп од агава

Подготовка:

Со нешто притиснете го тофу сирењето и почекајте да се исцеди околу еден час.

Потоа ставете го во замрзнувач три до четири часа.

Со споменатите зачини измешајте наут и пченкарно брашно.

Во друг сад истурете шолја растително млеко, соја сос, лажичка сенф, малку сол.

Извадете го тофуто од замрзнувачот и исечете го на форми по желба.

Потопете во смесата со млеко, па во смесата со брашно, повторете ја постапката двапати.

На хартија за печење ставете ги бургерите, премачкајте ги со маслиново масло и печете околу 20 минути на 220 степени.

Можете да ги пржите и во длабоко масло, по ваша желба.

Во меѓувреме направете ја земичката.

Во малку топла вода се става малку квасец да се раствори, па се додава смесата со брашно, претходно загреаното растително млеко, маслиново масло, малку сируп од агава, малку сол. Соединете ја смесата и месете додека не стане мазна и полумека.

Оставете да отстои околу 40 минути, па печете во рерна 15 минути на 220 степени.

Сите наведени состојки соединете ги во преливот за бургерот и убаво измешајте.

На здравје!

Слични содржини