Неподносливи жештини: Европа се соочува со екстремни температури поради климатските промени

од Nikola Popovski

Светската метеоролошка организација (СМО) и Службата за климатски промени Коперник на ЕУ објавија извештај во кој се наведува дека Европа се соочува со екстремни жештини кои се неподносливи за човечкото тело, поради порастот на температурите предизвикани од климатските промени.

Во извештајот на СМО и Службата за климатски промени Коперник на ЕУ се наведува дека екстремната топлина претставува закана за здравјето на работниците на отворено, постарите луѓе и луѓето со веќе постоечки здрацствени состојби, како што се кардиоваскуларни болести или дијабетес.

Бројот на смртни случаи поврзани со жештината е зголемен за 30 отсто во текот на изминатите 20 години, се вели во извештајот, а пренесува Ројтерс.

Се додава дека во Италија во јули минатата година, за време на топлотниот бран што го зафати југот на Европа, забележани се седум отсто повеќе смртни случаи отколку во месецот кога немаше топлотни бранови.

Во извештајот се наведува и дека главната причина за ланскиот топлотен бран е емисијата на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина.

Тогаш Шпанија, Франција, Италија и Грција беа зафатени од десетдневен топлотен бран, а субјективното чувство на температура беше 46 степени Целзиусови.

Слични содржини