Саинц откри „дополнителна компликација“ во неговиот избор за сезоната 2025 година

од Vladimir Zorba

Возачот на Ферари, Карлос Саинц, откри „дополнителна компликација“ во изборот на возачко место за сезоната во Формула 1 2025 година.

Шпанецот се разделува со Скудерија на крајот на годината, откако тимот одлучи да не го продолжи неговиот договор и наместо тоа го доведе Луис Хамилтон. Токму тоа го принудува Саинц да бара нов тим за следната кампања, а Шпанецот објасни дека претстојната промена на правилата за сезоната 2026 создава „дополнителна компликација“ во неговиот избор.

Во последните неколку недели, Саинц беше поврзуван со Audi, а последните информации за тоа се дека Шпанецот има рок до средината на следниот месец да и каже на германската компанија дали ќе ја прифати нејзината понуда. Вчера, Audi официјално го објави својот прв возач, Нико Хулкенберг, кој ќе му се придружи на Заубер следната година пред тимот да се трансформира во Audi во 2026 година.

„Можни се сите опции бидејќи немам договор за следната година, па морам да ги разгледам сите можности. Со оглед на промената на правилата во 2026 година, ја земам 2026 година како фрлање на паричка. Невозможно е сега да се знае што ќе се случи тогаш. Кога разговарам со тимовите за 2026/2027 година, не е важно кој што ќе ми каже за нивниот мотор, колку добро ми ги објаснуваат работите, вистината е дека никој не знае. Ако некој почне да победува во 2026 година, тоа нема да биде поради некоја паметна одлука, туку едноставно затоа што сте се нашле на вистинското место во вистинско време. За 2025 година, секако моето мислење е дека со нивото што го покажувам и моето возење, би бил многу среќен доколку добијам конкурентен болид. Но, повторно, не зависи се од мене и морам да продолжам да чекам“, изјави Саинц.

Слични содржини