Анчелоти: Имавме многу проблеми во текот на сезоната, заслуживме да бидеме во финалето на ЛШ

од Vladimir Zorba

Фудбалскиот тренер на Реал, Карло Анчелоти изјави дека неговиот тим заслужено се пласираше во финалето на Лигата на шампионите и истакна дека мадридскиот клуб имал многу проблеми со повредите во текот на сезоната, пренесуваат шпанските медиуми.

Фудбалерите на Реал синоќа се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, откако во реваншот од полуфиналето го совладаа Баерн со 2:1.

Клубот од Мадрид се пласираше во финалето на ЛШ, бидејќи имаше 2:2 во првиот полуфинален натпревар одигран минатата недела во Минхен.

Во Баерн тврдат дека полските судии на чело со главниот судија Шимон Марчинијак го оштетиле германскиот клуб на синоќешниот меч со Реал.

Слични содржини