ГВАРДИОЛА ДОНЕСЕ ОДЛУКА! Еве дали Шпанецот и следната сезона ќе остане во Сити!

од Vladimir Zorba
688 прегледи

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола најави дека и во следната сезона ќе биде тренер на „граѓаните“.

Шпанецот во „небесно-синиот“ дел на Манчестер пристигна во 2016 година, а пред тоа раководеше со Баерн Минхен и Барселона.

За осум години на клупата на клубот „Етихад“ освои пет титули во Англија, како и највредниот пехар во Лигата на шампионите во сезоната 2022/23.

Тој пред натпреварот од последното коло против Вест Хем изјави дека и во следната сезона ќе остане во Манчестер.

– Да, имам договор и сакам да бидам тука. Мојот план е да бидам таму и следната сезона – изјави Гвардиола.

Слични содржини