Колку заработија Олександар Усик и Тајсон Фјури од „борбата на векот“?

од Vladimir Zorba
555 прегледи

Синоќа во Ријад добивме нов апсолутен боксерски шампион по победата на Олександр Усик против Тајсон Фјури. А борбата на векот зад себе мора да ја има заработката на векот и од оваа перспектива овие суми се навистина огромни.

Проценките на странските медиуми се дека тоа била рекордна сума, Фјури добил повеќе, а неговиот хонорар се споредува со она што го заработува Кристијано Роналдо на годишно ниво во Ал Наср.

Вкупната сума е поделена според моделот 70:30 во корист на Фјури, па се проценува дека Фјури од борбата заработил околу 115 милиони фунти или околу 145 милиони долари, додека новиот шампион сега е побогат за околу 35 милиони фунти, или околу 50 милиони долари.

На сето ова да додадеме дека Фјури вети дека ќе донира еден милион фунти или 1,2 милиони долари за Украина.

Платата на Фјури е речиси идентична со онаа на Кристијано Роналдо, кој заработува околу 131 милион фунти годишно или околу 166 милиони долари во Ал-Наср.

„Ако му кажете на Тајсон Фјури дека ќе заработи 100 милиони фунти од борбата, тој ќе полуди затоа што мислел, и се согласувам, дека ќе заработи многу повеќе“, недвосмислено рече Боб Аурум, промоторот на Фјури пред почетокот на борбата.

Слични содржини