Николоски: Паника кај ДУИ, размислуваат за поткуп на гласачи

од Nikola Popovski

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска обвини дека владеачките партии подготуваат поткуп на гласачи, во пресрет на изборите на 8-ми мај. Според Николоски, евидентна е паниката во власта, особено кај ДУИ, како што рече.

„Слушаме дека веќе интензивно размислуваат за поткуп на гласачи, да им кажам дека тоа е недозволиво, дека е законски казниво дело и дека одговорност ќе има. Да не помислуваат на таква работа, нашата цел е јасна што поголема поддршка за СДС и ДУИ да одат во опозицијата. И ние сме убедени дека граѓаните ќе ни дадат огромна поддршка за да го реализираме ветеното“, изјавил Николоски при посетата на општините Гевгелија, Валандово и Неготино.

„Ја примивме пораката во првиот круг за сите грешки кои ги направивме минатите седум години-граѓаните испратија јасна порака до СДСМ“, рече претседателот на партијата, Димитар Ковачевски и додаде дека со крената глава продолжуваат во вториот круг.

Убеден како што рече „знае од што се незадоволни граѓаните“.

Тој демантираше дека со ДУИ се подготвува сценарио за бојкот на 8 мај. Напротив, вели Ковачевски повикувам на масовна излезност. Според него, Пендаровски е граѓански кандидат и ја бара поддршката од граѓаните, а не од претседателските кандидати коишто не се пласирале во вториот круг.

„Над сто и осумдесет илјади разлика е доволен показател за само едно, народот е на нозе и народот се крена против оваа власт“. Ова на митинзите во Струга и Кичево го рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Притоа тој ги повика граѓаните масовно да застанат зад коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и да не подлегнуваат на притисоците и уцените.

„Добивам информации за црни сценарија кои се коваат во противничките штабови и затоа им порачувам на тие што ги планираат дека народот уште пожестоко ќе ги казни“, рече Мицкоски.

За да им се ускратат тие негативни сценарија што ги планираат СДСМ и ДУИ, тој повика на масовна излезност на 8-ми мај.

Слични содржини