🎥Светот целосно полуде: Погледнете што прави возач на Tesla среде возење

од Vladimir Zorba
281 прегледи

Дека светот оди во погрешна насока веќе не е новост. Меѓутоа, секој ден човек е изненаден од нова, до сега незамислива глупост.

На пат некаде во САД, возач на Tesla Cybertruck е снимен како го вози автомобилот носејќи VR очила!?!

Во видеото објавено на X (поранешен Twitter), може да се види возач без раце на воланот како користи Apple Vision Pro – најновиот производ за виртуелна реалност од американскиот технолошки гигант.

Се прашувате како не излетал од патот или не предизвикал сообраќајна несреќа? Имено, Tesla Cybertruck нуди можност за полуавтономно возење.

Станува збор за систем Full Self-Driving (FSD), кој сепак бара од возачот да биде внимателен и подготвен да ја преземе контролата доколку полуавтономниот систем открие опасност или се исклучи.

Оригиналното видео собра повеќе од 24 милиони прегледи и предизвика бурни реакции – вклучително и предупредување од американскиот секретар за транспорт Пит Бутиџиг, кој го сподели видеото:

„Сите напредни системи за помош на возачот што се достапни денес бараат од возачот постојано да има контрола и целосно да се вклучи во возењето“, се вели во соопштението.

Слични содржини