🎥Видеото на Ријана за кое сите зборуваат: Едвај одеше во премногу тесен фустан, а потоа дојде и незгодниот момент со Наоми Кембел

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Ријана присуствуваше на отворањето на модната недела во Њујорк, а вниманието на нејзините обожаватели го привлече видео од овој настан каде изгледа како да и е непријатно.

Во видеото Ријана држи фустан кој очигледно и е претесен, а потоа седнува во првиот ред. Во текот на целиот настан таа имаше „кисел“ израз на лицето.

Видеото брзо се рашири на социјалните мрежи, а коментарите продолжија да доаѓаат.

„Вака изгледам кога ќе излезам од туш за да се јавам на телефон“, „Ова видео е навистина чудно“, „Не ми се верува дека помисли да излезе во толку тесен фустан“, „Жената буквално не може да дише“, некои се од коментари.

Покрај тоа, корисниците на социјалните мрежи забележале дека Ријана поминала покрај Наоми Кембел.

„Наоми Кембел и Ријана сигурно не можат да се поднесат“, напиша корисник на X.

И двете се уште не зборувале за оваа снимка. Инаку, модната недела во Њујорк е еден од најпознатите модни настани во светот, а овогодинешното издание трае до 11 септември.

Многу дами се упатија кон Њујорк за да присуствуваат на ревиите, меѓу кои Бијонсе, Џенет Џексон, Блејк Лајвли, Емили Ратајковски…

Слични содржини