Група млади лица од албанска националност пред два дена го запалиле знамето на Србија во центарот на Милано, јавуваат српските медиуми.
Лицата се собрале да го прослават Денот на албанското знаме. Како што се гледа на видеото кое кружи на социјалните мрежи, во еден момент почнале да кинат, газат и на крајот го запалиле српското знаме.
View this post on Instagram
Генералниот конзулат на Србија во Милано најостро го осуди палењето на српското знаме во центарот на овој италијански град.
„Генералниот конзулат на Србија во Милано го осудува вандалскиот чин на палење на српското знаме на плоштадот пред катедралата Дуомо во Милано. Уништувањето на националните симболи претставува чин на нетрпеливост и екстремизам, кои се феномени кои ја загрозуваат пошироката заедница, не само целната група или поединци“, се вели во соопштението.
Генералниот конзулат изразил длабока загриженост за сквернавењето на државните симболи на Србија.
Исто така, конзуларното претставништво изрази уверување дека надлежните италијански органи, во духот на развиените билатерални врски, ќе направат се за што поскоро откривање и кривично гонење на сторителите на насилниот чин.