829
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, пристигна во Москва по покана за присуство на воената парада на Црвениот плоштад по повод Денот на победата. Веста ја објави самиот преку социјалните мрежи. Апасиев е познат по ставот дека Македонија треба да гради односи не само со САД, туку и со Русија и Кина.
Во меѓувреме, Москва беше цел на украински беспилотни напади во пресрет на прославата, а украинскиот претседател Зеленски изјави дека безбедноста на присутните странски лидери не може да биде загарантирана.