📷 Ѕвездите на Баерн се забавуваат на Ибица додека сезоната е сè уште во тек, па предизвикуваа скандал во Германија

од Љубиша Владимиров
80 прегледи

По едногодишна пауза, Баерн Минхен успеа да се врати на тронот во Германија и да ја освои својата 34-та титула во Бундеслигата. Меѓутоа, славјето на играчите на баварскиот гигант на Ибица не помина без контроверзии. По освојувањето на титулата две кола пред крајот на сезоната, играчите на Баерн добија неколку дена одмор и решија да патуваат на шпанскиот остров Ибица за да ја прослават победата.

Меѓу 13-те фудбалери кои патуваа се наоѓаа ѕвезди како Мануел Нојер, Хари Кејн, Џошуа Кимих и Томас Милер. Тие пристигнаа со приватен авион, подготвени за забава. Оваа одлука не помина незабележано. Навивачите на Баерн беа бурно критични, а многумина го нарекоа славјето “скандал”. Особено затоа што сезоната сè уште не е завршена, а се уште има важни одлуки во лигата.

Противничките клубови исто така ги критикуваа играчите на Баерн. Спортскиот директор на Мајнц, Кристијан Хајдел, го изрази своето незадоволство: „Дури и ако тоа не влијае на нас, таквиот потег е многу лош, особено по откажувањето на патувањето пред седум дена”.

Во одбрана на фудбалерите, спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд, објасни: „Минатата недела имаше многу отворени прашања во лигата, на што влијаеа нашите резултати. Сега ситуацијата е поинаква, па не се спротивставивме на планот на играчите да имаат два и пол дена одмор”.

И додека Баерн се подготвува за последниот натпревар против Хофенхајм, од клубот кој се бори за опстанок, критиките не престануваат. Хофенхајм е на 15-то место на табелата и има само 32 бода, што значи дека ќе се обиде да се спаси од испаѓање во последниот натпревар на сезоната.

 

Слични содржини