LEVC (сопственост на кинеската компанија Geely и позната по производството на таксито TX London) го најавува целосно новиот модел L380.
Станува збор за целосно електричен миниван кој ќе биде достапен во Кина во конфигурација со 6 или 8 седишта.

L380 е долг 5316 mm, широк 1998 mm, висок 1940 mm, со меѓуоскино растојание од 3185 mm и максимална тежина од 2804 kg.
Возилото ја користи новата платформа SOA на LEVC која всушност е преработена верзија на платформата Geely SEA.

L380 ќе добие еден електромотор со 200 kW/272 КС. Капацитетот на батеријата во моментов е непознат, но SOA платформата е компатибилна со батерии од 73 до 120 kWh, кои се добри за максимален опсег до 695 km.
LEVC L380 ќе се произведува во Кина, каде што ќе се натпреварува со моделите како Zeekr 009, Volvo EM90, Li Mega, Denza D9, Xpeng X9 и Maxus Mifa 9.