Српската актерка Наташа Нинковиќ важи за многу одмерена и елегантна дама на нашите простори, а тоа го докажа и со својата најнова објава на социјалните мрежи. Имено, таа покажа три различни стајлинзи, базирани на црна боја со црвени детали, пренесе Стандард лајф.
Првиот аутфит е еден од најпопуларните во последно време – комплетен костум. Нејзиниот костум е поформален, а може да се забележи дека овој пат избра предимензионирана верзија, со подлабоко деколте.
Ја тргна косата од лицето за да го истакне црвениот кармин.
View this post on Instagram
Следен стајлинг е долг, црн фустан, кој е најчестиот избор на дамите за новогодишните прослави. Фустанот го истакнува струкот со „A-пад“ до подот, а долгите ракави и ролна го истакнуваат нејзиното лице. Таа ја задржа истата шминка, па црвениот кармин и овој пат беше одличен избор.
Во третото издание, Наташа позира во црвено палто, задржувајќи ја косата и шминката.