Две тела се пронајдени во опожарен стан во центарот на Нови Сад. Пожарникарите при гаснење на пожарот пронашле тела на двајца мажи, од кои еден имал 19 години.
Пожарот избувнал на поткровјето на зградата.
View this post on Instagram
Противпожарната служба, полицијата и екипите на брзата помош сѐ уште се на терен, а брзата помош му укажува помош на едно лице.
Според очевидци, чад излегувал на сите страни, а пожарникарите успеале да го локализираат пожарот. Соседите виделе како млад човек влегува во станот каде што избувнал пожарот.
„Во 9 часот и 15 минути противпожарните бригади беа на терен. Брзо реагираа“, изјави Стојан Миловац, раководител на Управата за вонредни ситуации и додаде:
„Вратата од станот од каде доаѓаше чад била заклучена, па насилно била отворена. Веднаш пронашле две лица кои биле во собата, бидејќи се работи за стан од 15 квадрати. Внатре имало целосен чад, Луѓето беа евакуирани надвор од просторијата, но лекарите од итната помош можеа само да ја потврдат смртта, електричните инсталации се стари, но причината не е утврдена сега. Станува збор за објект кој е многу стар, стар 100 години, електричните инсталации се стари, но причината не е утврдена. Сега не би лицитирал“.