Средбата меѓу Динамо и Локомотив во руската одбојкарска лига ја одбележа бакнежот на одбојкарите на Локомотив кој започна вистинска лавина. Динамо ги обвини своите ривали дека „шират ЛГБТ пропаганда“ и го изразија своето згрозување за тоа.
„За наш срам, одблиску се прикажуваат монструозни гестови кои имитираат сексуален однос на играчите на Локомотив од Калининград. Истополовите бакнежи на усните и други гадости се насочени кон противничките тимови. На натпреварите доаѓаат семејства со деца и вака ни ја уништуваат културата и моралните вредности на нашата земја“, соопштија од Динамо и додаваат:
„Најлошо од сè, ваквото однесување го одобруваат соиграчите кои се облечени на сатанистички начин. Три од нив се дури и мајки. Замислете вашите деца да беа во иста соблекувална или под туш со вакви. Дали сакате вака да ги допираат и да им ги наметнат своите вредности? Се е јасно од фотографиите“.
The Moscow volleyball Dynamo accused the Kaliningrad Lokomotiv of LGBT propaganda – because the athletes hugged and kissed after they defeated the capital's team.#Russian #RussiaIsCollapsing #Russland pic.twitter.com/Tt2T1QREhA
— Trending News (@Trend_War_Newss) April 15, 2024
Во целата приказна се вмеша и Федерацијата и најави истрага доколку Динамо тоа го побара.
„Оваа ситуација не остана незабележана. На крајот на првенството ќе имаме состанок на дисциплинската комисија и ќе разгледаме неколку точки. Овој инцидент ќе биде вклучен доколку има барање за тоа“, велат од Федерацијата.
Руските медиуми пишуваат дека на оваа приказна не и се гледа крајот. Русија во никој случај не е земја во која демократијата и човековите права се на високо ниво. Таму не е прифатена ЛГБТ заедницата, а сите членови на оваа заедница се етикетирани како „сатански“, „болни“ и слично, поради што овој бакнеж предизвика цел скандал.