📷Дали верувате во Karma?

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Компанијата Karma ја претстави својата нова креација наречена Ivara.

Станува збор за мулти-теренски „гранд турер“ со четири врати и погон на четири тркала, што го претставува идниот дизајнерски јазик на Comet Line на Karma. Сепак, таа иднина е прилично неизвесна поради финансиските проблеми.

Доколку Ivara влезе во производство, се очекува првично да се нуди со plug-in хибриден погон, односно од 2027 година, а потоа да се појави и електрична верзија.

Нема официјални податоци за перформансите, но може да се очекуваат 600 КС или повеќе, како и автономија поголема од 400 километри.

Се чини дека моделот има некои паралели со болидот на Ferrari Purosangue, не само во однос на пропорциите на каросеријата и конфигурацијата, туку и во однос на долгата хауба, фаровите и друго.

Уникатни детали се огромните бандажи, големите отвори зад лаковите на предните тркала и под задниот браник. Нема предна решетка, што стана вообичаено за модерните автомобили.

Доколку влезе во производство, моделот Ivara ќе им се придружи на моделите Gyeser и Kavey.

Слични содржини