📷Denza Z9 GT

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Кинеската Denza (во која BYD поседува 90 проценти, а германски Mercedes преостанатите 10 проценти) го најавува новиот модел Z9 GT со неколку слики и кратка најава.

Компанијата Denza во првиот квартал продала 10.279 возила, што е зголемување за 123 отсто во однос на истиот период лани. Новиот Z9 GT во форма на shooting brake би требало да помогне да се зголеми продажбата уште повеќе, со можност подоцна да се појави седан верзија.

Фабричките фотографии продолжуваат да го прикажуваат автомобилот со хауба, додека неговото официјално претставување се очекува на саемот за автомобили во Пекинг на 25 април.

Маскираниот прототип Z9 GT најпрво се појави во Европа, што веројатно е дел од начинот на кој компанијата вели дека автомобилот е наменет да им парира на некои од другите shooting brake модели од Европа.

Затоа на сликите од тестот Z9 GT е заедно со Porsche Panamera и Ferrari GTC4 Lusso.

Како и другите модели на Denza, Z9 GT ќе биде електрифициран, но се уште не е познато дали ќе биде plug-in хибриден или целосно електричен модел.

Слични содржини