📷Електричниот Renault 5 на патентни цртежи

од Vladimir Zorba

Француските медиуми објавија патентни цртежи на кои е прикажан изгледот на сериската верзија на електричниот Renault 5, најавена за следниот салон во Женева (промоцијата ќе се одржи на 26 февруари 2024 година).

Базиран на AmpR Small (поранешен CMF-B EV) платформа, Renault 5 E-Tech ќе биде долг 392 cm и ќе нуди избор од две NMC батерии.

Батеријата од 40 kWh ќе нуди опсег на WLTP од 310 km, а 52 kWh ќе овозможи 400 km. Во гамата ќе има две верзии, послаба со 135 КС и посилна со 150 КС.

Цените во Франција ќе почнуваат од околу 25.000 евра.

Слични содржини