Од тјунинг куќата G-Power пристигнува уште една модифицирана верзија на актуелниот BMW M4, па така 3.0-литарскиот твин-турбо шестцилиндричен мотор по нивната обработка има 700 КС и 850 Nm.

Заклучувањето на максималната брзина исто така е отстрането, па G-Power BMW M4 достигнува „над 300 km/h“.

Достапни се и нови тркала од 20 и 21 инчи (гуми 285/30 и 295/25), посилни сопирачки, изменета суспензија (автомобилот е понизок за 40 mm), предни „бубрези“ од јаглеродни влакна, хауба со отвори за воздух, како како и аеро каросеријата (странични прагови, преден спојлер, спојлер на багажникот).
