📷Германија: Поставувале цевки за базен и пронашле вистинско богатство

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Во германското село Глотертал, во близина на Штутгарт, откриено е огромно складиште со средновековни монети, а слични не се видени со децении. Ризницата има околу 1.600 парички, а наишле на нив кога почнале да поставуваат цевки за локалниот базен.

Ова откритие дава единствен увид во економските активности на Европа во 14 век, пишува Arkeonews.

– Една од најголемите збирки средновековни монети пронајдена во последните децении е откриена благодарение на Клаус Феле, жител на Глотертал. На барање на вработените во Државниот завод за заштита на спомениците при Регионалниот совет на Штутгарт, тој го надгледувал поставувањето цевки во близина на базенот на почетокот на мај 2024 година. Забележал „мали метални плочки“ и пријавил. Пристигнала инспекција и тој ден открила околу 1,000 монети. Тројца експерти со детектори за метал ја пребарале ископаната почва и откриле уште 600 монети – соопшти Регионалниот совет на Штутгарт.

Монетите се исчистени и направена е првична проценка.

– Тоа се главно монети од кованиците во Брајсах на Рајна, Кофинген и Фрајбург, а се ковани околу 1320 година. Има и монети од Базел, Сент Гален, Цирих, Лауфенбург и Колмар. Проценките на оваа ризница на монети ќе ни овозможат да го разбереме циркулирањето на парите, рударската дејност, ковачницата, трговијата со сребро… – изјави Андреас Хасис-Бернер, археолог на Државниот завод за заштита на спомениците.

На прашањето колку вредело богатството во 14 век, археологот рекол: „За овие пари можеа да се купат околу 150 овци“.

Иако официјалните лица велат дека ова е најголемото складиште откриено во Германија во последните децении, многу поголеми складишта се откриени во други делови на светот. Во ноември минатата година, во Јапонија беше пронајдена складиште од 100.000 монети.

Слични содржини