Поп-артистот Канје Вест ги изненади своите следбеници споделувајќи гола фотографија од неговата сопруга Бјанка Ценсори за да го промовира нивниот претстоен филм.
Тој на Инстаграм објави фотографија од Бјанка како лежи гола откако последните недели се појавија гласини за нивното раскинување.
Среде гласините за развод, Вест ја пофали Бјанка, истакнувајќи дека е многу горд на својата сопруга за нејзиниот претстоен филм, чиј продуцент е тој.
„Толку сум горд на мојата сопруга што глуми во нејзиниот прв филм снимен во Јапонија, во режија на Ванеса Бикрофт, а продуциран од мене“, напиша тој покрај фотографијата, која предизвика бурни реакции.
View this post on Instagram
Многумина напишаа дека повторно ја преминал границата.
Вест неодамна ја шокираше јавноста со антисемитски пораки и продажба на маици со свастика, а според извор на „Page Six“, тоа била последната капка за Бјанка. Тој, пак, изјавил дека „има моќ над неа“, а Бјанка наводно повеќе не сакала ништо со тој циркус. Сепак, нивниот ПР, Мило Јанопулос ги отфрлил овие тврдења и соопштил дека „изјавите за нивниот приватен живот во иднина ќе доаѓаат од самите нив, а не од неофицијални таблоидни гласини“.