📷Manhart го „тјунираше“ Porsche 911 GT2 RS на речиси 1.000 КС

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Ако 991 генерацијата Porsche 911 GT2 RS не е доволно застрашувачка за некого, познатиот тјунер Manhart Performance го има решението.

Manhart подготви пакет наречен TR 950, кој ја подигнува моќноста на 3,8-литарскиот 6-цилиндричен мотор на 979 КС и 1.085 Nm вртежен момент. Тоа е повеќе од 100 КС во споредба со 918 Spyder, кој има погон на сите тркала, додека во случајот со моделот GT2 RS, силата се пренесува на задните тркала.

Моторот е поврзан со седумстепен PDK менувач за кој Manhart подготви нов софтвер. Стандардниот GT2 RS забрзува од 0 до 100 km/h за 2,8 секунди и достигнува максимална брзина од 340 km/h, па тјунираниот модел дефинитивно има уште подобри перформанси.

Дел од пакетот Manhart TR950 се нови амортизери и пружини, гуми Continental SportContact 7 и карбон-керамички сопирачки.

Опционално, можно е да се добијат карбонски сплитери или нови доводи за задниот дифузор.

Слични содржини