📷Mansory Venatus S

од Vladimir Zorba
249 прегледи

Германската тјунинг куќа Mansory ја надополни својата понуда за Lamborghini Urus S, овде наречен Mansory Venatus S.

За Venatus се очекуваат елементи од јаглеродни влакна (преден спојлер, хауба, отвори за воздух на предните браници, комплет прагови, заден дифузер, спојлер на багажникот, заден спојлер на покривот) како и двобојна надворешност.

Достапни се и спортски издувен систем, тркала до 24 инчи и изменета суспензија, додека рафинираната внатрешност се карактеризира со нане зелена кожа и карбонски влакна.

Под хаубата се наоѓа 4,0 литарски твин-турбо V8 мотор, тука засилен до 900 КС и 1100 Nm вртежен момент (забрзувањето до 100 km/h сега е 2,9 секунди, а максималната брзина е зголемена на 325 km/h).

Цената не се споменува во кратките вести, а најавена е ограничена серија од само девет примероци.

Слични содржини