📷Маж се самозапали пред судот во Менхетен, каде е во тек судењето на Трамп

од Симе Стоиков
267 прегледи

Маж се самозапали пред кривичниот суд на Менхетен, каде што е во тек судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пишуваат американските медиуми.

Според Њујорк пост, се работи за помлад човек кој се полил со запалива течност во паркот Колект Понд, спроти судницата.

Весникот наведува дека околу 20 луѓе, врескајќи, побегнале од паркот.

На Трамп му се суди за наводно фалсификување деловни документи во случај на тајни плаќања во готовина на порно актерката Сторми Даниелс и се соочува со затворска казна до 10 години.

Поранешниот американски претседател се изјасни за невин по 34 точки од обвинението.

Слични содржини