📷На заминување: Ројс почести 80.000 фанови со пиво

од Vladimir Zorba
532 прегледи

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс го одигра последниот натпревар на „Сигнал Идуна Парк“, пред домашните навивачи.

Во последното коло од Бундеслигата „милионерите“ победија против Дармштад со 4:0, а Ројс се запиша меѓу стрелците. На прошталниот натпревар тој почести со пиво 80.000 навивачи.

„Ви благодарам за се! Последната тура е на мене“, рекол Ројс.

Германецот по 12 години ја напушта Борусија. Тој си замина од клубот со учинок од 170 гола и 131 асистенција. Ројс уште пред овој натпревар беше поздравен од навивачите. Излезе да се загрева, а „жолтиот ѕид“ подготви кореографија која беше само во негова чест. Тоа беше неговиот дрес со број 11 и белешка за благодарност за сè што направи.

Останува уште еден натпревар за Ројс, а тоа е финалето од Лигата на шампионите на 1 јуни против Реал Мадрид на „Вембли“.

Слични содржини